Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА ЌЕ ГО УКИНУВА РОАМИНГОТ СО МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, БИХ: Главниот договор е веќе потпишан

ХРВАТСКА ЌЕ ГО УКИНУВА РОАМИНГОТ СО МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, БИХ: Главниот договор е веќе потпишан

Оваа година треба да стапи на сила договорот за роаминг, според кој сите повици на мобилни телефони, исто како и користењето на интернет преку мобилен телефон, во Западен Балкан и ЕУ ќе ги плаќаме по исти цени како што плаќаме во нашите сопствени земји. Истото правило, да потсетиме, извесно време важи и кај членките на ЕУ.

Тоа денеска на Твитер го објави хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ кој рече дека оваа идеја постои одамна, но сега е блиску до реализација.

„Денеска во парламентот се одржа комисијата за европски прашања, каде државната секретарка Андреја Метелко Згомбиќ рече дека главниот договор е веќе потпишан, но треба да се потпишат уште неколку помали договори.

Кои земји ќе бидат опфатени со договорот?

Според Главашевиќ, во договорот треба да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан (Србија, Македонија, БиХ...) кои на каков било начин се вклучени во процесот на влез во Европската унија.

„Тоа е дел од една поширока идеја за пристапниот процес. На тоа се работеше додека Хрватска сè уште беше претседавач со Европската унија. Идејата беше да се создаде модифициран пристапен процес, односно кога земјите ќе исполнат одредени критериуми, нивните граѓани веќе можат да уживаат некои бенефиции уште пред влезот во Унијата“, рече Главашевиќ.


Слично

Поврзани вести