Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ќе ја поддржи Србија на патот кон ЕУ, но има и некои свои услови

Хрватска ќе ја поддржи Србија на патот кон ЕУ, но има и некои свои услови

Хрватска го поддржува приемот на Србија во Европската унија, но има и некои свои барања и од нивното исполнување ќе зависи  членството на Белград во Унијата, изјави хрватскиот вице-премиер, Томислав Карамарко.

Тој смета дека Србија мора да ги достигне стандардите, кои мораа да ги исполнат сите кои се приклучија кон Европската унија.

„Тоа не е лесен процес и пред Србија стои тежок пат. Секако дека и ние имаме некои свои барања, кои се логични“- изјави Карамарко, кој е и лидер на најголемата партија во владината коалиција, Хрватската демократска заедница.

Карамарко вели дека Хрватска ќе се обиде да и помогне на Србија „да стане квалитетен член на ЕУ“, но дека нема намера да отстапи од своите услови.

Во врска со барањето на Загреб, Србија да се откаже од спорниот закон за нејзина универзална јурисдикција врз воените злосторства извршени на територијата на поранешна СФР Југославија, Карамарко истакна дека Белград „не може да глуми мал Хаг во овој дел на Европа“.

Тој при тоа ја поздрави одлуката на главниот хашки обвинител, Серж Бранерц за обжалување на ослободителната пресуда за лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ.

Слично

Поврзани вести