Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ќе го ограничи пушењето на јавни места

Хрватска ќе го ограничи пушењето на јавни места
Хрватското собрание во мај треба да донесе нов закон за ограничување на употреба на тутунски и други производи. Со ова уште повеќе ќе се ограничи пушењето на јавни места. Иако во кафулињата каде се пушти треба да има прописна вентилација, многу од газдите не се придржуваат до законот. Избегнуваат да користат скапи инсталации, а инспекторите не ги казнуваат прекршителите. „Кога зборуваме за оние кои не пушат, или пасивно пушат и се присутни во простории каде се пушти и се вдишува чад од тутун, имаат два до три пати поголем ризик за карцином на белите дробови“-вели Инес Диминиќ-Лисица, лекарка. Контролите во иднина ќе бидат построги во кафулињата. За штетноста на пушењето ќе има предупредување на кутиите со цигари.
Слично

Поврзани вести