Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ќе става ред на интернет пазарот

Хрватска ќе става ред на интернет пазарот

Хрватска треба да добие нова телекомуникациска компанија која ќе обезбеди брз и евтин широкопојасен интернет. За овој проблем за утре  е закажана седница на Хрватската Влада.

Се планира на овој начин да се воведе ред во управувањето со инфраструктурата и дополнително да се реализира интернет пазарот, поради што аналитичарите предвидуваат дека предлогот ќе биде усвоен .

Според најавите, новата компанија ќе го преземе управувањето со слободната оптичка мрежа на државните претпријатија како што се Хрватски автопатишта, Хрватски железници, ХЕП, Плинакра, Јанафа, Автопат Ријека-Загреб.

Слично

Поврзани вести