Хрватска ќе приватизира 400 компании
Во Хрватска во следните две години ќе бидат приватизирани над 400 компании. Ова е предвидено со стратегијата за управување и располагање со државниот имот која ја усвои хрватската Влада.
Вредноста на државниот имот, според проценти изнесува 32 милијарди евра, но од неа државата има само 300 милиони евра приходи.
Со ефиксано управување, но и со продажба на компаниите кои не се од стратешки интерес или не остваруваат профит, Владата има намера да го зголеми тој профит. По продажбата на компаниите, секоја година ќе се изработуваат планови за управување со имотот.
Слично
