ИНА го губи монополот, Хрватска ќе основа нова државна нафтена компанија?!
Хрватската влада планира да основа нова државна нафтена компанија, со што ќе ги врати овластувањата за управување со експлоатација на нафта и гас, кои ги изгуби со приватизацијата на ИНА, пишува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.
Весникот наведува дека новата државна компанија ќе биде главен орган на државниот технички и стручен надзор над концесионерите за експлоатација на јаглеводород, задача што во минатото ја извршуваше Министерството за економија.Инаку приватизираната нафтена компанија ИНА со децении функционира како неформално министерство за нафта и гас, извршувајќи голем број јавни функции. Бидејќи овие функции и активности на компанијата не се одделени при приватизацијата, изминатите години компанијата продолжи да функционира како државен монопол, односно како единствен концесионер за истражување и експлоатација на нафта и гас во земјата, но во приватна сопственост и водена од целосно комерцијални цели.
Слично
