Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ја трга блокадата за Србија - дали е ова стабилизација на односите?

Хрватска ја трга блокадата за Србија - дали е ова стабилизација на односите?

Хрватска е подготвена да се откаже од блокадите за отворањето на поглавјето 26 во преговорите помеѓу Србија и ЕУ. 

Ова следи откако во петокот во Белград е решено прашањето за учебниците за хрватското национално малцинство, изјави хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Давор Иво Штиер. Вели дека „ова е добар ден за хрватското малцинство во Србија“. 

„Српскиот министер за образование во петокот во Белград со претставниците на хрватскиот национален совет и Заводот за учебници потпиша анекс договор со кој се регулира прашањето за учебниците, не само за нивното преведување од српски на хрватски и од кирилица на латиница, туку во него ќе има и посебни додатоци, односно содржина за хрватското малцинство“- вели Штиер.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, претходно  рече дека по повод хрватската блокада за отворање на поглавјето 26 во преговорите на Србија со Европската Унија, Србија не сака конфликти, дека прави компромиси, но дека нема да дозволи никој да ја понижува.


Слично

Поврзани вести