Хрватска ја тресе афера „Барбика“
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска мораше да одржи вонредна пресконференција за да ја демантира својата вмешаност во аферата „Барбика“, откако во јавноста се појави наводниот план на Јосиповиќ да ја дискредитира својата противкандидатка на претстојните претседателски избори во Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ од ХДЗ.
Документот на 13 страници наводно содржел детални активности за тоа како Јосиповиќ и неговиот тим во текот на кампањата ќе ја дискредитираат Грабар-Китаровиќ, која во текстот се нарекува „Барбика“.
„Да се порази Барбика уште пред изборите и/или да се натера да ја повлече кандидатурата за да отвори простор за непречена победа на кандидатот на СДСП Јосиповиќ“ - ова е една од целите на акцискиот план, кој требало да овозможи реизбор на актуелниот хрватски претседател.
Јосиповиќ најостро демантира дека учествувал во подготвката на планот ивели дека документот всушност најмногу му штети нему.
„Да видиме кој има интерес да се објави ваков памфлет. Тоа сигурно не сум јас. Тој најнапред ми штети мене и на мојата кампања, а верувам дека и штети и на г-ѓа Колинда, така што не верувам оти и таа има некаква врска со тоа“, рече Јосиповиќ.
Слично
