Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ја прифати Европската програма за вработување на млади

Хрватска ја прифати Европската програма за вработување на млади
Министрите за труд од земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор околу гаранциите за вработување на младите, а како што најави хрватскиот министер за труд и пензискиот систем Мирандо Мрсиќ, договорот ќе важи и за Хрватска по нејзиниот влез во ЕУ, а со кој се очекуваат значителни средства од Европскиот социјален фонд. Како што пренесоа хрватските медиуми, на состанокот на Советот за вработување, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачите, Министрите ја прифатија иницијативата за Гаранција за младите, која предвидува дека секој млад човек до 25 години, во рок од четири месеци по завршување на школувањето или при отказ, ќе му биде понудена нова работа, дополнително усовршување или стажирање . Таквите програми веќе некое време се применуваат во некои земји како Австрија и Финска, каде што дале многу добри резултати. „Ние ќе почнеме со спроведување на програмата од 1 јули. Веќе сме подготвени, ќе вложиме доста пари во програмата, но ќе добиеме и значителни средства од Европскиот социјален фонд", појасни  министерот Мрсиќ, кој учествуваше на состанокот на Советот како набљудувач. Стапката на невработеност на младите луѓе на возраст помеѓу 15 и 25 години во ЕУ изнесува 23 отсто, додека во Грција и Шпанија, над 50 проценти. Во буџетот на Европската унија за периодот 2014-2020 се планирани 6 милијарди евра за вработување на младите луѓе, особено во регионите со висока стапка на невработеност.
Слично

Поврзани вести