Хрватска ја критикува Германија за “поканата на бегалците”
Во германската престолнина Берлин ги прифатија мирно критиките на претседателот на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ кон федералниот канцелар Ангела Меркел по повод на бегалскиот бран, кој тргнал кон Западна Европа.
Острите зборови од страна на Загреб доаѓаат ден пред вонредната средба на врвот на лидерите од ЕУ токму поради кризата со бегалците.
"Г-ѓа Меркел ги покани и потоа ја притисна рачната сопирачка велејќи дека Германија сама нема да успее", сликовито се изрази хрватската претседателка за првичните активности на политички Берлин во однос на бегалците кои во целото соопштение ги нарекува "економски имигранти" .
Според Грабар-Китанович "г-ѓа Меркел реагирала така како да не знаела дека ненадејното притискање на рачната сопирачка за време на управување со возило меѓу многу други (Европа) доведува до хаос во сообраќајот. И сега токму тоа треба да се решава, нагласува хрватската претседателка.
Во меѓувреме, во самата Германија се почесто изразот "Добредојдовте во Германија?" Се прикажува во весниците со прашалник на крајот, што ја става под се поголемо сомневање исправноста на одлуката за широко отворање на вратата на федералната република за бегалската криза или имигрантскиот бран кои доаѓаат од Исток.
А во последниот број на списанието "Шпигел" е ставена на насловната страна канцеларката како "Мајка Ангела", но со анализа на бројот, според кој "политиката на Меркел ја подели Европа".
