Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ja изгуби шансата да биде европски логистички тигар

Хрватска ja изгуби шансата да биде европски логистички тигар
Никој во Хрватска не е задоволен од состојбата на железницата, посебно во последните 10 години. Хрватска има добра географска положба ама не ја искористи за да биде европски логистички тигар , изјави министерот за Синиша Хајдаш Донич, министер за транспорт и инфраструктура на конференцијата "Железничка инвестиции во Југоисточна Европа". Ова мора да се коригира, истакна министерот, додавајќи дека инвестирањето во железницата е еден од приоритетите на Владата. "Ова особено се однесува на инвестиции во железничкиот коридор V и X, на што веќе работиме и за што повлековме добар дел на средства од фондовите на ЕУ. За неколку недели ќе објави тендер за набавка на 32 електро-моторни и 12 дизелелектро-моторни возови, а во моментов сме во потрага по стратешки партнер за HZ карго ", изјави Хајдаш Донич.
Тој истакна дека железницата во моментов е голем проблем но и голем предизвик кој за Хрватска може да стане можност за развој. Но,што и да правиме, ние мора да се работи со партнерство со нашите соседи во регионот", заврши министерот .
Слично

Поврзани вести