Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска и Србија се тужат во Хаг – многу трошоци, мали шанси за успех?

Хрватска и Србија се тужат во Хаг – многу трошоци, мали шанси за успех?
Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг утре започнува судскиот процес меѓу Србија и Хрватска, кои заемно се тужат за геноцид. Во следните пет недели, судиите од овој суд ќе ги слушаат аргументите за тврдењата дека настаните во Вуковар и за операцијата „Бура“ можат да се  карактеризираат како геноцид. Еден од најпознатите српски адвокати Тома Фила, проценува дека ниту една од тужбите нема да успее, бидејќи не се добро составени за да ги поктрпат тврдењата, и очекува процесот на крај да им донесе само трошоци на двете соседни држави. „Мислам дека тубите нема да успеат бидејќи се така концепирани што нема основа за геноцид. Мислам дека Србија се покажа како политички многу позрела, бидејќи предлагаше нивно повлекување. Тоа би овозможило да се гледа напред. Но, во Загреб тоа не може да се направи бидејќи таму ситуацијата не е доволно созреана за таков чекор. Уверен сум дека процесот ќе се заврши само со огромни трошоци на двете страни, наместо тие пари да се искористат за општо добро. Нас, на пример, тоа ќе не чини колку еден мост со кој би се затворила обиколницата околу Белград“, вели Фила. Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг и Македонија ја тужеше Грција за прекршување на Времената спогодба од 1995 година. Судиите пресудија во корист на Македонија, но трошоците за постапката никогаш не беа откриени во јавност.
Слично

Поврзани вести