Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА: Немаат ниту еден новозаразен од Ковид - 19

ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА: Немаат ниту еден новозаразен од Ковид - 19

Oд 9 март за првпат во Хрватска нема новозаразени од коронавирус.

Досега се тестирани 60.864 лица во Хрватска, од кои 953 во последните 24 часа. Вкупниот број на заразени до денес е 2.243. На респиратор има 6 пациенти, а вкупниот број на смртни случаи од коронавирус е 99.

Заклучно со 27 мај, предвидено е во затворени простории да се дозволат до 100 посетители и до 300 на отворено, а сè ќе зависи од епидемиолошката состојба. Од 30 мај се планираат натпревари на отворено без присуство на публиката.

Препораките за свадби, концерти и фестивали ќе бидат објавени следната недела. 

Во Словенија веќе втор ден нема новозаразени и жртви.

Вчера се пуштени дома двајца пациенти, додека на лекување се уште 19 пациенти, од кои четворица на интензивна нега.

Во Словенија вчера се направени 677 тестови, а вкупно од почетокот на пандемијата 74.419. 

Слично

Поврзани вести