Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска и порача на Русија да ги намали туристите на Јадранот

Хрватска и порача на Русија да ги намали туристите на Јадранот
Од хрватското Министерството за туризам на рускиот амбасадор, Анвар Азимов му порачале дека веќе имаат букирано аранжмани од Австријци и Германци, и сметаат дека бројот на руските туристи кои ќе летуваат во Хрватска од најавените 300.000 треба да се намали на 100.000. Од Министерството за туризам реагираа на оваа изјава и велат дкеа не знаат на што точно се повикува амбасадорот. „Не знаеме неговата екселенција на кој разговор се повикува, со обзир дека разговорот меѓу амбасадорот и министерот за туризам, Антон Климан на оваа тема е закажана за 7 март“-изјавија надлежните од Министерството за туризам. Оттаму додаваат дека работат за да привлечат што повеќе руски туристи и тие полесно да добијат визи за во Хрватска. Во изминативе години Русите беа меѓу десетте најбројни туристи во Хрватска. Од туризмот оваа земја заработува околу 8 милјарди евра годишно.
Само во јули лани во Хрватска имало 3.4 милиони туристи, што е за 11% повеќе од истиот период претходната година.
Слично

Поврзани вести