Хрватска и нуди помош на Босна за ЕУ
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека неговата земја ќе го користи своето искуство од неодамнешното влегување во Европската унија, за да и помогне да Босна и Херцеговина да се приклучи што е можно побрзо.
Пленковиќ во петокот ја започна дводневната посета, осум дена откако неговата конзервативна влада беше формирана.
Ова покажува колку се важни односите со Сараево за Загреб, истакнал Пленковиќ по средбата со својот колега Денис Звиздиќ.
Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година, додека Босна и Херцеговина аплицираше на почетокот на 2016 година. Пленковиќ истакна дека хрватските експерти можат да му помогнат на Сараево да оди по патот кон ЕУ, кој вклучува отстранување на недостатоци од уставот. Но тоа може да биде направено, само ако сите страни во Босна се согласуваат.
