Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска и Црна Гора слават, Турција губи 10 милијарди долари

Хрватска и Црна Гора слават, Турција губи 10 милијарди долари

Позитивни трендови има во Црна Гора и Хрватска, а Турција има загуби во туристичкиот сектор.

Црна Гора за 7 месеци има туристички приход од 400 милиони евра или 15 милиони повеќе од лани. 

Има многу гости од Европа, а од Шпанија дури 55% повеќе. 

До крајот на август Хрватска имаше милиони посети од туристи повеќе за разлика од лани истиот период. 

Добри туристички резултати има и Грција и покрај бегалската криза. 

Оваа година Турција изгуби од 8 до 10  милијарди долари приход, толку колку што Хрватска заработува од туризам. 

Црна Гора во последно време е фокусирана на инвестирање во хотели и привлекување гости од Западна Европа. 

Се проценува за Грција дека до крајот на годината ќе ја посетат 27.5 милиони луѓе или за 5 милиони повеќе од лани. 




Слично

Поврзани вести