Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предупредување за Хрватска и БиХ: Пристига невреме

Предупредување за Хрватска и БиХ: Пристига невреме

Метеоролошките служби во Хрватска и БиХ издадоа портокалово предупредување бидејќи се приближува олујно невреме, пратено со грмотевици и обилни врнежи.

Во Хрватска предупредувањето е издадено за денеска, речиси за цела држава, а најопасни врнежи се очекуваат на северот на Јадранот и во повисоките предели.

Метеоалармот поради обилните дождови на Истра и Ријека објави портокалово предупредување, што значи дека експертите сметаат дека временските прилики ќе бидат опасни.

Жолто предупредување, кое значи дека времето е потенцијално опасно, Метеоалармот објави и за сите останати подрачја на Хрватска освен за средна и јужна Дламација, пренесува Јутарњи весник.

И во БиХ утре и в петок се очекуваат обилни врнежи па Федералниот хидрометеоролошки завод издаде исто така портокалово предупредување за југ, југозапад, сверозапад и делови одцентарлна Босна.

Очекуваната количина на дождови е од 40 до 70 а локално и над 70 литри по метар квадратен, објави агенцијата Фена.

Слично

Поврзани вести