Хрватска го отвори граничниот премин за бегалците од Србија
Хрватска го отвори граничниот премин Беркасово-Бапска и 600 бегалци влегоа во земјата.
Тие пристигнале од Прешево, јужна Србија. Помеѓу нив доминираат млади луѓе, особено мајки со деца, пренесоа агенциите.
Претставниците на невладините организации, на Меѓународниот Црвен крст и на службата на ОН за бегалци тврдат дека има доволно храна за бегалците, а денес ќе биде извршена дезинфекција на шаторите.
Слично
