Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА ГО ОДРЕДИ РОКОТ ЗА ТРЕТАТА ДОЗА - ќе ја добијат оние кај кои поминале осум месеци од втората

ХРВАТСКА ГО ОДРЕДИ РОКОТ ЗА ТРЕТАТА ДОЗА - ќе ја добијат оние кај кои поминале осум месеци од втората

Дијана Мајер, епидемиолог од хрватскиот Завод за јавно здравје за дневникот на ХТВ открива детали за третата доза против коронавирусот.

„Третата доза ќе ја добијат луѓето кои ги примиле двете дози, осум месеци по втората доза. Предвидуваме дека ќе почнат на почетокот на октомври и дека ќе се вакцинираат луѓе на кои им поминале осум месеци, а тоа се првично повозрасните лица, имунокомпромитираните лица со некои потешки хронични болести“, вели Мајер.

Таа вели дека засега за вакцинација со трета доза се зборува за тие кои примиле вакцина на Фајзер и дека прво ќе почне вакцинацијата со таа вакцина бидејќи со таа вакцина почнала имунизацијата во Хрватска. Таа верува дека наскоро ќе дојде ред и на другите вакцини како што ќе завршува периодот од осум месеци по втората доза.

„Засега трета доза ќе добијат од вакцината со која се имунизирани со првите две дози“, вели Мајер.

Во таа земја засега се откртиени четири случаи на обичен грип.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести