Хрватска го блокираше „Агрокор“ и уште неколку фирми поради даночен долг
Хрватска вчера ја блокирала компанијата Агрокор поради долг за данок на додадена вредност поголем од 10 милиони евра, пренесоа хрватските медиуми.
Сметките на компанијата Агрокор и повеќе фирми во нејзиниот состав, во сопственост на хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ, вчера се блокирани.
Според податоците од сервисот на Финансиската агенција ФИНА, од нешто пред 13 часот во блокада се сметките на Агрокор, Лед, Тиск, и ПИК Врбовца, а од вчера утрото блокирана е и жиро сметката на Белја, додека сметката на Конзумот не е блокирана.
Агенциите наведуваат дека блокадата на сметките би можела да биде потврда за медиумските шпекулации дека некои од добавувачите на Агрокор покренале постапки на присилна наплата на своите побарувања.
Медиумите од регионот пренесуваат дека во седиштето на Ерсте банка имало состаноци на најголемите добавувачи и домашни кредитори на Агрокор, односно четири најголеми хрватски банки кои се повикани и претставници на руските банки Сбербанка и ВТБ банка, но не е познато дали учествуваат на него.
Состанокот бил повикан во пресрет на седницата на Владата на која, како што потврдил вчера премиерот Андреј Пленковиќ , требало да биде усвоен Предлог закон за системски компании.
Пленковиќ рекол дека целта на тој законски предлог не е спасување на било кој, па ниту на сопственикот на Агрокор Ивица Тодориќ, туку заштита на хрватскиот економски и финансиски систем.
Премиерот Андреј Пленковиќ на седница на владата претставил закон за системски важни фабрики, во јавноста познат како „Lex Agrokor“. Тоа е закон кој се темели на досега постоечки закони а би се однесувал на друштва кои имаат повеќе од 5 000 вработени и трошоците да му изнесуваат повеќе од 7,5 милиони куни, рекол премиерот.
Додал дека со нив се уредува постапката на вонредна управа која ја именува Владата. Постапката на вонредна управа се отвара или на барање на доверител или должник, рекол премиерот и истакнал дека не се работи за државен интервенционизам. Законот ја почитува неповредливоста на сопственост и слобода на системот на бизнис. Но се отвара можност ако компанијата побара помош од државата, таа да може да ,и обезбеди управник, свежи средства...Начинот на ангажман првично би се договарал со должниците во облик на стенд стил аранжман и би се тргнало во процес на реструктурирање.
Премиерот истакнал како целта е да се обезбеди финансиска и економска стабилност на земјата. „Консултации имавме со претставници на опозицијата. Важно е сите во овој момент да се покажат дека се подготвени да сносат дел од одговорноста, рекол Пленковиќ.
„Ledo“, „Tisak“ i „Jamnica“ се заплеткале во мрежата на долгови на Тодориќ
Се работи за компании кои имаат задоволувачки бизнис резултати, но очигледно се вплеткале во мрежата на долговите на Тодориќ и завршиле со блокирани сметки.
Во првите девет месеци лани Jamnica имала приходи од околу 2,3 милијарди куни и нето добивка од 306 милиони куни. Агрокор во неа има 76,83 посто акции.
Во Tisak, ланецот на киосци Агрокор има нешто побеќе од 50 отсто сопственост. Но во сопственичката структура на Tisak се наоѓа ТДР, но и неговиот сопственик „British American Tobacco“.
Агрокор ТДР во август лани продал 16 посто удел во Tisak.
British American Tobacco низ својата фирма BAT Investments поседува 25,86 посто акции. Tisak во првите девет месеци лани завршил со минус од околу 10 милиони куни со приходи од 2,2 милијарди.
Ледо во првите девет месеци лани имал приходи од речиси две милијарди куни, а добивка околу 310 милиони куни.
Агрокор во Ледо има удел од 49 посто, а останатите значајни акционери се пензиски фондови.
Првата компанија која најави дека ќе тргне во наплата на своите побарувања кон Агрокор била Орбико. Тоа пред два дена во разговор за хрватски Индекс го изјавил нејзиниот сопственик Бранко Роглиќ.
Од Агрокор му рекле дека „веќе не управуваат со плаќања“ и дека после тоа одлучил да покрене наплата.
Напоменал дека неговата фирма има околу 12 милиони куни побарувања кон Агрокор, и дека престанале да им доставуваат роба околу Божиќ.
