Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ги снижи даноците за спас на весниците

Хрватска ги снижи даноците за спас на весниците

Со даночни олеснувања хрватската влада ќе ги помага весниците во државата. Синдикатот на новинари на Хрватска го поздрави најавеното даночно ослободување за печатените медиуми погодени од економската криза и упати апел до Валдата да влијае врз работодавачите за задржување на работните места и овозможи подобри услови и вработување.

Владата со надлежните институции треба да придонесе корист од тоа намалување на ДДВ да го почувствуваат новинарите и сите вработени во медиумите, стои во отвореното писмо од синдикатот. Оттаму укажуваат дека има можност повластениот ДДВ да биде условен со заштита на работните места во сите редакции и заштита на најзагрозените групи во струката.

Сепак хрватските новинари , зависно од однесувањето на Владата, не ја исклучуваат можноста за штрајк и соработка со други синдикати, а како законска основа наведува непотпишување на националниот колективен договор.

Последниве четири години околу 350 новинари останале без работа, а 750 се невработени.
Слично

Поврзани вести