Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска ги намалува платите на државните службеници за 3%

Хрватска ги намалува платите на државните службеници за 3%
Владата на Хрватска ги намалува платите на сите државни службеници за 3%, а намалувањето се однесува од месец март. Како што пренесуваат хрватските медиуми, под оваа мерка ќе се најдат вработените во државните институции, даночната и царинската управа, полицијата , војската. Од ова кратење на платите биле изземени учителите и наставниците. Но на просветните работници претходно ќе им бидат зголемени коефициентите за плати за 6%, а потоа така зголемените плати ќе се намалат за 3% Во образложението на владата стои дека причините за намалувањето на платите е поради значајни заштеди во државниот буџет. Тоа било причина за преиспитување на сите државни трошоци, по големата економска и финансиска криза во земјата, како и за намалувањето на БДП кој покажува негативен раст.  
Слично

Поврзани вести