Удрени темелите, хрватска фирма ќе флашира вода во селото Гари
Започна изградбата на новата фабрика за флаширана вода за пиење во дебарското село Гари на хрватската компанија „Мали Лошињ“. Халата во која ќе се врши флаширањето според планот ќе биде со површина нешто поголема од 2 илјади метри. Погонот ќе има производен и магацински дел, потоа управна зграда, но и лабораторија.
Камен темелникот беше поставен во присуство на локалните власти, министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, вицепремиерот Фатмир Бесими, но и министерите за економија и животна средна, Ваљон Сарачини и Абдулаќим Адеми.
Се наѓа на пет километри пред селото Гари, а непосредно до регионалниот пат Бошков мост - Извор. Според Дашмир Абдиа кој е носител на инвестоцијата, оваа фабрика е докажа дека печалбарите не ја забораваат татковината.
„Тоа е примерот и со мене, кој со децении работам во Мали Лошињ, а сега дел од капиталот носам тука. Во зависност од текот на производството бројот на вработените ќе расте“, информираше Абдиа.
До сега има инвестирано милион евра, но а вкупната инвестиција ќе расте до пет милиони евра при што годишно треба да се флашираат 100 милиони литри вода. За министерот Сарачини, фабриката ќе ги поттикне вработувањата во регионот.
„Искрено се надевам дека ќе имаме уште многу инвестиции од Република Хрватска за што добив најава при мојата дводневна посета од тамошните бизнисмени и тоа како резултат на политиките на Владата на Република Македонија за креирање подобра бизнис клима во насока на рамномерен и одржлив рамномерен развој“, истакна Сарачини кој деновиве беше во посета на Хрватска и бизнисмените од оваа држава.
За Бил Павлески пак, во Македонија постојат повеќе успешни примери на хрватски инвестиции во повеќе области, но потенцираше и дека денешното означување на инвестицијата на хрватската компанија Мали Лошињ се вбројува во низа на успешните приказни за инвестирање во Македонија.
Министерството за економија со неколку законски измени на Законот за минерални суровини и подзаконски акти го има зголемено бројот на издадени концесии за минерални суровини за над 20 отсто, во сегментот на концесии за води има издадено 17 концесии од почетокот на годината.
Слично
