ХРВАТСКА ФАБРИКА ПРЕД СТЕЧАЈ: Први направија чоколадо со ориз во светот, сега се пред колапс
Хрватската фабрика за чоколади „Звечево“ побара отворање на претстечајна постапка пред Стопанскиот суд во Славонски Брод.
Сметките на оваа кондиторска компанија од Пожега е во блокада подолго од 60 дена, пренесуваат медиумите од регионот.
Околу 300 работници , кои минатиот месец одлучија за прекин на производството и штрајк поради неисплата на платите за март, се вратиле во погон кога парите им легнале на сметки. А што ќе биде сега?
Се проценува дека „Звечево“ и должи на државата околу 100 милиони куни, но од друга страна има и побарувања.
„Звечево“ , познато по првата чоколада со ориз во светот, во последните години работи со загуби. Лани следеше нов значаен пад на прометот, а компанијата претрпела рекордни загуби од дури 24,9 милиони куни.
