Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска е скапа, Славонците и Далматинците купуваат во Босна

Хрватска е скапа, Славонците и Далматинците купуваат во Босна
Аптеките и продавниците во Босна и Херцеговина кои се наоѓаат на границата со Хрватска, од почетокот на годината откако беше воведен ДДВ за лекови и на некои прехранбени продукти бележат зголемен прилив на клиенти, особено од Славонија и Далмација, пренесува „Дневни аваз“. Купувачите од Хрватска се упатуваат кон БИХ во потрага по поевтини лекови, но исто така купуваат храна и пијалаци. Повикувајќи се на извори од Граничната полиција, весникот пренесува дека само на граничниот премин Дољани кај Метковица, сега во просек минуваат по педесетина автомобили со хрватски регистарски таблички дневно повеќе од минатата година. Зголемената побарувачка на лекови од страна на Хрватите  го потврдиле и вработените во аптеките на подрачјето на Херцеговина. Хрватите во Босна се почесто купуваат храна бидејќи стапката на ДДВ во земјата е 17 отсто, а секое купување попскапо од 100 конвертабилини марки, дозволува и поврат на ДДВ-то. Меѓу бараните стоки во БиХ исто таа се цигарите и пивото, како и хигиенските препарат.  
Слично

Поврзани вести