Хрватска е најпосакувана дестинација за одмор на светот
На сајтот teflSearch анализирале податоци за најпосакувана дестинација за одмор од јули 2015 до јули 2016 година.
Анализата покажала дека Хрватска е најпосакувана земја за одмор. Анализирани се пребарувања на Гугл во повеќе од 80 земји на 52 јазика за да се види која е омилена дестинација на луѓето од различни националности.
Со 2.7% Хрватска го зазема првото место. Зад неа е Грција со 2.54%, потоа следат Турција и Тајланд со 2,47%. Шпанија има 1.99%, Италија 1.9%, Куба 1.85%, Португалија 1.66%, Малта 1.65%. Во топ 10 последното место го зазема САД.
Се наведува дека во топ 5 се земји кои имаат прекрасни плажи, но и пристапни цени.
Слично
