Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска е меѓу најскапите земји за одмор во Европа

Хрватска е меѓу најскапите земји за одмор во Европа

Истражувањето направено од германскиот автоклуб АДАЦ, кој има околу 18 милиони членови. покажува дека меѓу најскапите земји за одмор во Европа е Хрватска, а Бугарија најевтина.

Истражувањето е направено со споредување на цените на 34 производи во 50 популарни туристички локации во десет европски земји во кои Германците најчесто одат на летување. Според резултатите од истражувањето, Хрватска е поскапа од Шпанија, Грција Турција и Бугарија.

Просечно германско семејство за купување на 34 производи и услуги во Хрватска, според пресметките на истражувањето ќе потроши 164 евра, во Шпанија 159 евра, во Грција 150 евра ,а во Турција 147 евра.

За четиричлено германско семејство Бугарија е најевтина бидејќи за 34 производи кои тоа најчесто ги користи за време на одмор ќе потроши само 122 евра.

Но, и покрај тоа што дел од дестинациите за одмор на Германците се прикажани како скапи, сепак трошоците на четиричленото семејство за споменатите производи би биле далеку повисоки во Германија.

Во Германија за истите производи и услуги ова семејство плаќа 185 евра, но ако оди во Холандија, Франција, Италија и Данска ќе плати многу повеќе.

Слично

Поврзани вести