Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска: Дозволени геј браковите, ги имаат сите права освен посвојување деца!

Хрватска: Дозволени геј браковите, ги имаат сите права освен посвојување деца!

Хрватска денеска го усвои Законот за животен партнер со личност од исти пол, според кој хомосексуалните парови добија исти права како и брачните парови, освен правото за посвојување деца.

Парламентот го донесе законот со 89 гласови, 16 од нив беа против, а усвојувањето беше проследено со аплауз од галеријата, каде што седницата ја следеа активисти за правата на ЛГБТ лицата.

После усвојувањето на Законот, во Хрватска, бракот, вонбрачната заедница, животното партнерство и неформалното животно партнерство се законски признати како заедници кои претставуваат семеен живот, соопшти здружението „Загреб Прајд“ и наведе дека семејниот живот од истополови парови, од сега животни партнери, во Хрватска ги штити Уставот, Европската конвенција за човечки права и Уставниот суд.

Ова долго чекано законско признание на нашите семејства, укажува Здружението, јасно порачува дека сите семејства се еднакви, дека сите заслужуваат да живеат сигурно и среќно и дека човечкото достоинство е неотуѓиво, независно од нечија полна ориентација или идентитет, пренесуваат тамошните медиуми.

Токму затоа истополовните парови ќе влегуваат во партнерство на јавен и свечен начин, пред матичар, со што Хрватска и на симболичен начин и двете семејни заедници ќе ги третира еднакво.

Законот за животно партнерство ќе стапи на сила осмиот ден од објавата во Службените весници, а првата истополова венчавка, според проценките на Здружението, ќе може да се одржи во средината на август.

Слично

Поврзани вести