Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска „денес или утре“ ќе ја прекине блокадата на границата со Србија

Хрватска „денес или утре“ ќе ја прекине блокадата на границата со Србија

Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ соопштил дека очекува денеска или утре да биде укината блокадата на границата со Србија.

„Заедно со соработниците работиме интензивно денес или утре да ги тргнеме мерките на границите, кои владата на Хрватска беше должна да ги преземе“, напиша во својот профил Миловановиќ.

Тој пишува уште дека не сака хрватските фирми и работници, како и оние во Србија, да страдаат.

Во меѓувреме, хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ соопштил дека Србија продолжува да праќа во Хрватска бегалци. Само во текот на изминатата ноќ во земјата илегално поминале околу 5.000 луѓе. Од минатата среда до денес од Србија во Хрватска влегле околу 59 000 мигранти.

Слично

Поврзани вести