Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКА: Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра

ХРВАТСКА: Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра

Oва лето Хрватска нуди ниски цени за туристите. 

Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра на ден.

Најскапиот апартман во Хрватска сега чини колку најевтиниот минатата година. 

Цените за изнајмување апартмани и куќи за одмор на хрватското јадранско крајбрежје се драстично пониски од лани, но побарувачката сè уште е скромна, пренесува порталот Индекс.

Цените на апартманите во 2019 година во претсезоната и по сезоната беа од 40 до 100 евра, а во екот на сезоната варираа од 60 до 200 евра.

Годинава цените на апартманите во претсезоната се од 25 до 40 евра, додека во сезоната се меѓу 45 и 70 евра.

Ниски цени за пијалоци оваа сезона ќе нуди и Грција. 

Слично

Поврзани вести