Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска бира претседател - Милановиќ во водство

Хрватска бира претседател - Милановиќ во водство

Според првите резултати, најголем број гласови на денешните претседателски избори во Хрватска освоил кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП), Зоран Милановиќ, додека за второто место се борат актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Хрватска денеска бира нов претседател. Гласовите се пребројуваа откако избирачките места беа затворени во 19 часот.

Според обработени 48,54 отсто од избирачките места, Милановиќ освоил 30,92 отсто од гласовите, Грабар-Китаровиќ – 27,76 отсто, а Шкоро 22,72 отсто.

Шефот на изборниот штаб на Хрватската демократска заедница( ХДЗ), Бранко Бачиќ, рекол дека од првиот ден тврделe дека Грабар-Китаровиќ ќе влезе во вториот круг. Тој додал дека очекуваaт победа во вториот круг.

Слично

Поврзани вести