Хрватска бара Србија да не чека и да воведе санкции за Русија
Загреб порача дека Србија мора да се придружи на санкциите за Русија.
Србија мора да се придружи на санкциите на Русија и дека мора да биде поексплицитна, подоследна и поверодостојна ако сака да ја оствари европската перспектива.
„Хрватска континуирано работи на тоа Западниот Балкан да остане во фокусот на НАТО“, изјави министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.
Во Букурешт претходно е усвоен извештај за овој дел од Европа. Грлиќ Радман кажа дека Хрватска, како земја во непосредното соседство на Западниот Балкан, „е најповикана објективно да сведочи и да освестува за ситуацијата“, за да придонесе на усвојувањето на клучни документи и политики на Алијансата.
Слично
