Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватска бара пари од Кина за национален стадион

Хрватска бара пари од Кина за национален стадион

Хрватскјата делегација на инвестициски форум во Пекинг во сабота ќе претстави проект за изградба на национален стадион со соларни панели, чија изградба треба да биде финансирана со пари од Далечниот исток. Во моментов хрватската национална репрезентација и Динамо загреб своите натпревари ги играат на легендарниот Максимир, но истиот одамна е дотраен.

Во Пекинг ќе има собир на претставниците на најголемите компании во Кина и Индонезија, Австралија и Нов Зеланд и други земји.

Пред форумот, премиерот Андреј Пленковиќ ќе се сретне со кинескиот премиер Ли Кечијанг и на средбата ќе се разговара за целокупните кинеско-хрватските односи, со посебен акцент на економската соработка и кинеските инвестиции во Хрватска, пишува Блумберг.

Кинеската државна градежна корпорација, кинеската железница, бродоградбената корпорација Limited и Fanhua се само некои од гигантите со кои ќе бидат потпишани договори. Вкупно, проектите ќе вредат дури 13 милијарди евра.

Договорите вклучуваат нов терминал во пристаништето на Задар и модернизација на аеродоромот во овој приморски град, како и изградба на развојна зона каде што многу кинески компании би можеле да преселат дел од своето производство. Нема да изостане ниту проект за бродоизградба.

Слично

Поврзани вести