Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТКА ОТИШЛА НА РАБОТА ВО СЕВЕРНА ЕВРОПА: Еве што раскажува

ХРВАТКА ОТИШЛА НА РАБОТА ВО СЕВЕРНА ЕВРОПА: Еве што раскажува

25 годишната Каролине Мартан од Хрватска во потрага по работа отишла во северна Европа. 

Нејзина земја од соништата била Данска, а се вработила во Копенхаген. 

Вели дека младите често зборуваат за иселување, посебно во последно време. 

Таа студирала економија во Ријека, а додека ја подготвувала дипломската сосема случајно добила шанса да замине во Данска. 

Додека студирала работела, чувала деца и на интернет објавила дека бара таква работа. 

По неколку недели, кога таа веќе заборавила на огласот, и се јавила жена од Данска која рекла дека е задоволна од нејзината кратка биографија и сака да ја вработи. 

Стапиле во контакт на Скајп и се договориле за работата. 

„Данските фирми се сон на секој работник. Полното работна време е 37 часа неделно. Незамисливо е да ја носиш работата дома или да останеш подолго“ - вели таа. 

Раскажува дека недвижнините се скапи, но таа како студент имала право на студентско сместување. 

За Хрватска Мартан вели дека сака да доаѓа почесто, но не мисли трајно да остане во родната земја. 

Слично

Поврзани вести