Хрватка го раскажа првиот работен ден во Германија
Ј.С. е жена од Хрватска која се преселила во германскиот град Франкфурт каде се вработила како воспитувачка во градинка и за Вечерњи лист, го раскажа првиот работен ден.
Вели дека првиот ден шефицата ѝ рекла дека нема потреба да се грижи ако некој ден задоцни на работа.
Се сместила во центарот на градот, а работата ѝ била на 19 км од дома.
Вели дека децата рециклираат отпад, знаат кој фали, и запишуваат на плоча.
„Колешката ми е Шпанка, а колегата асистент е Англичанец. Другите колеги се од различни места, од Африка, Русија, Канада“ - вели таа.
Додава дека во групата има 21 дете, а на работа сите се трудат да бидат опуштени и да нема стрес.
Слично
