Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТИТЕ ВО ШОК: Се чудат кај да најдат 15 000 сезонски работници

ХРВАТИТЕ ВО ШОК: Се чудат кај да најдат 15 000 сезонски работници

На Хрватските хотели идната година ќе им требаат повеќе од 15 000 нови сезонски работници, пишува пословни дневник.

Тоа, како што наведува весникот, ќе биде тешко да се реализира со оглед на дефицитот на кадри како и порастот на иселувања од Славонија, традиционалната почетна точка во помошните занимања во туризмот.

Секторот кој веќе оваа година се намачил да добие работници е длабоко загрижен, прашањето на кадри ќе биде тема на скорешниот конгрес на хотелиери и една од носечките теми на панелот Денови на хрватскиот туризам.

Во здружението на работодавци во хотелиерство и Хрватскиот завод за вработување сепак велат дека почнало на време да се размислува. Со здружени сили активно работат на собири и едукации на работници, што можеби нема целосно да го реши проблемот за 2017, но велат дека ова е добар почеток и дека минатогодишната драма не би смеела да се повтори.

Кон крајот на јуни Хрватскиот завод за вработување и Хрватската економска комора потпишаа договор за соработка и осопособување на работно место за познат работодавец за угостителски занимања. Со едукацијата која акцент става на праткични вештини и основни познавања е планирано да бидат опфатени вкупни 1100 невработени, а во моделот се вклучени 240 почетници.

„Врз основа на анкети проценивме дека следаната година хотелите ќе имаат потреба од повеќе од 15 000 работници. Драго ни е што остваривме многу добра соработка со нашите партнери, што е добар почеток за решавање на проблеми со кои се соочуваат бројни туристички земји“ вели директорката на Здружението Ива Бахунек.

Целта е едукација по пат на доверени програми, во цела Хрватска, за да до пролет добијат квалификувани луѓе за хрватските хотели.

Слично

Поврзани вести