Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите во шок: Колинда до 2020 година го воведува еврото!

Хрватите во шок: Колинда до 2020 година го воведува еврото!

Хрватската претседателка очекува Хрватска до 2020 да го преземе еврото како национална валута, иако актуелната влада на најмладата членка на ЕУ одбива да го одреди датумот.

Воведувањето на еврото е единствено несогласување помеѓу шефицата на државата Колинда Грабар Китаровиќ и премиерот Зоран Милановиќ.

Според мислењето на Грабар Китаровиќ, воведувањето на еврото во наредните пет години е важно за хрватската економија, бидејќи како што нагласува во интервју за агенцијата Блумберг, „тесно е поврзано со економијата на Унијата“.

Првата жена на чело на Хрватска смета дека подготовките на економијата за пресудните предизвици, вклучувајќи го и воведувањето на еврото, бара поголема соработка помеѓу вработените и работодавачите, но и инвеститорите кои ќе бидат подготвени да вложуваат во континенталниот дел од земјата - далеку од туристички ориентираните и доминантни јадрански брегови, пренесува Вечерњи лист.

„Така ќе се решат структурните проблеми кои ги имаме во економијата. Имаме големи залихи на природни ресурси, образовани луѓе и мораме да се концентрираме пред се на тоа како управуваме со тие ресурси“, наведува Грабар и додала дека има големо искуство стекнато во текот на работниот ангажман надвор од Хрватска.

Таа рекла  дека сака да ја модернизира Хрватска во секој поглед, вклучувајќи ја и политиката.

„Мораме да го промениме моменталниот склоп и да создадеме услови како економијата би можела полесно да се развива“, иверено вели Грабар Китаровиќ.

Слично

Поврзани вести