Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите сo кредити во франци им уплатиле 1,3 милијарди евра повеќе на банките

Хрватите сo кредити во франци им уплатиле 1,3 милијарди евра повеќе на банките
Хрватските граѓани коишто користат кредит во швајцарски франци, за само еден месец им исплатиле на банките 1,3 милијарди повеќе. Советникот на здружението „Франак“ и основач на здружението „Промијенимо Хрватску“, професорот Ловриновиќ во емисија на хрватското радио „У мрежи првог“ изјавил дека сега е време банките и должниците да се спогодат. „Граѓаните се загрозени, тие во кредитен однос влегувале со добра верба, а банките не ги предупредиле на ризикот и сега мора да сносат поголем товар. За должниците би била поповолна конверзија на сите кредити во куни според курсот на денот на подигнување на кредитот“, смета Ловриновиќ. Адвокатката Мартина Шерцер - Илиќ исто така гостувала во емисијата и ги повикала лицата, кои веќе ги отплатиле кредитите, да подигнат тужба.
Слично

Поврзани вести