ХРВАТИТЕ САКААТ ДА ГО ОДБРАНАТ УГЛЕДОТ: Што ѝ нудат на претепаната британска туристка?
Британката Лаура Денмар(26) која беше претепана во еден илегален сплитски хостел, бидејќи таа и нејзиното момче одбиле да доплатат ќе добие гратис сместување.
Доплатата им ја побарале сопствениците на објектот.
За овој инцидент пишуваа британските медиуми, а потоа „Сан“ пренесе изјава на директорката на Туристичката заедница на Градот Сплит, Алијана Вуксиќ која изјавила дека на Лаура ѝ испратиле писмо со извинување од името на градот и Сплитската жупанија и дека ѝ понудиле бесплатно летување за да ѝ докажат дека, како што навела, станува збор за изолиран случај и дека градот Сплит е безбеден за британските туристи.
Лаура своето искуство со летувањето во Сплит го сподели со лондонскиот весник „Дејли Меил“ за како што изјавила, да ги предупреди своите сонародници да не им се случи нешто слично.
Таа имаше тешка повреда на главата, скршена рака и модринки по целото тело.
