Хрватите продаваат, Турците ги купуваат нивните јахти
Хрватите почнуваат да ги продаваат своите јахти и бродови на богатите Турци. За време на меѓународниот наутички саем „Croatia Boat Sow“, кој денеска се отвори во Сплит, организаторите се жалат дека бројката на бродови никогаш не бил помала.
Според директорот на саемот Виченцо Благаиќ, паѓа интересот за купување бродови во Хрватска, па затоа број Хрвати продаваат во Турција.„Оние кои имаат пари, сега не купуваат бродови. Од друга страна, потешко е да се наговорат банките да финансираат купување брод. Многу традиционални изложувачи, произведувачи на бродови, изминатите две години не продале ниту еден брод, така што немаат ниту за плати на своите работници“, рече Благаиќ кој се надева дека ова е последната тешка година за секторот.
Слично
