Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТИТЕ ПРЕД ГОЛЕМИ ИЗМЕНИ: Ќе работат полни 67 години па после во пензија!

ХРВАТИТЕ ПРЕД ГОЛЕМИ ИЗМЕНИ: Ќе работат полни 67 години па после во пензија!

Хрватите ќе заминуваат во предвремена пензија со 64 години, а во старосна со 67. Тоа е најважната измена со која Владата на премиерот Тихомир Орешковиќ излегува пред Брисел.

Презентацијата, која членовите на Владата ја одржале пред социјалните пратнери, покажува дека Владата одлучила да ги прифати сите три сугестии на Европската комисија поврзани со условите за пензионирање, се наведува во текстот.

Како што се додава, од следната година во Хрватска забрзано ќе се изедначува работниот век на мажите и жените, така што жените секоја следна година ќе работат шест месеци подолго додека во 2023 година не се изедначат со мажите.

„После тоа и на мажите и на жените работниот век постепено ќе им расте за шест месеци, и сите од 2028 година ќе работат полни 67 години-што е десет години порано откако што планираше владата на Милановиќ.“

Така жените родени во 1958 година дури во 2023 би оствариле услови за старосна пензија, кога наполнат 65 години живот, а не во 2020 како што пропишува сегашниот закон. Сите кои се родени во 1961 и подоцна, први услови за предвремена пензија ќе стекнат кога наполнат 64 години, а во старосна ќе заминуваат со 67 години живот.

„Скратување на периодот во кој најрано може да се оди во предвремена пензија од пет на три години, е најголем удар на пензиските права на работниците ако останат без работа. Понатаму , се планира и 50-постотно намалување на бројот на опасни и напорни занимања кои имаат право на бенифициран стаж-од стотина на 50“, се додава во текстот.

„Тие предози заслужуваат секаква осуда, целосно се неприфатливи и Социјалдемократската партија ќе најде начин да им се спротивстави, бидејќи Владата нема чуство за граѓаните, туку го поддржува крупниот капитал и работодавачите“, рекол за Вечерњи лист поранешниот министер за труд Мирандо Мрсиќ.

„Апсолутно сме против било какви промени, а посебно би било шокантно намалување на рокот за предвремена пензија на три години, ако тоа е точно. Европската комисија нема ингеренции над пензиските права, а претседателот на Владата непотребно се „поставил“ пред нив и пред да почнат разговорите со социјалните партнери“, вели синдикалецот Крешимир Север. Како што додава, според ова „за исти работни места ќе се борат и дедовците и внуците“.

Исто така, најавено е воведување на данок на недвижнини, но не од 2017 како што најавувал премиерот Орешковиќ, туку од 2018 година, пишува Вечерњи.

Слично

Поврзани вести