Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТИТЕ ПОТФРЛИЈА: Зошто немаат туристи?

ХРВАТИТЕ ПОТФРЛИЈА: Зошто немаат туристи?

Туристичката сезона во Хрватска благо потфрли.

Во април туристи имало 1.3% помалку, а ноќевања за 4.2% помалку од истиот месец лани.

Бројот на гости кои ја посетиле земјата е 653.636, а намалувањето е за околу 8.700 посетители, покажува Државниот завод за статистика.

Во април од вкупниот број ноќевања 1.6 милиони биле на домашни туристи или за 73.000 помалку од лани.

Сепак, домашните биле помалку од странските туристи.

Ваквите резултати се објаснуваат со тоа што оваа година Велигден се падна во месец март.

Но, ако се гледаат првите четири месеци од годината како целина, тогаш бројките покажуваат дека гости имало за 7,5% повеќе, а ноќевања за 6.1% повеќе.

Земјата лани од јануари до јули од туризам заработила 8 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести