Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите поради Ципрас тријат раце!

Хрватите поради Ципрас тријат раце!

Хрватска оваа година од туризмот би можела да профитира за повеќе од седум милијарди евра благодарение на политичката нестабилност во конкурентните земји.

Станува збор пред се за политичките промени во Грција, пишува американската агенција Блумберг.

„Раните резервации за сезоната веќе се во пораст, а тоа може да биде поради прецепцијата на безбедносните прашања во земјите како Грција, Египет и Турција, рекол министерот за туризам Дарко Лоренцин за Блумберг.

Американската агенција потсетува како новиот грчки премиер Алексис Ципрас им објавил војна на „ол инклузив“ аранжманите и масовниот туризам во Грција како би ја зајакнал локалната економија и го зголемил туристичкиот приход.

Туризмот во Турција би можел да ги почуствува последиците на самоубиствениот напад на 6 јануари во Истанбул после кој многу западни влади своите граѓани ги предупредиле да не патуваат во таа земја.

Блумберг пишува како Хрватска е поранешна југословенска република која сака да ги зголеми приходите од туризмот во настојување да излезе од шест годишната рецесија.

Слично

Поврзани вести