Хрватите ни се чудат: место да произведува, Македонија увезува храна!
Се зголеми увозот на ресчиси сите прехранбени производи, од земјоделски до разна готова храна,а главна причина за тоа е македонското дефицитарно произодство, пишува хрватскиот интернет портал Бизнис.
Македонија станува се поголем зависник од увоз на храна и пијалоци. Вкупниот увоз минатата година генерално е намален за околу 10%, но увозот на прехранбени производи и пијалоци сруши нов рекорд и за 10 месеци е зголемен на 616 милиони американски долари. Тоа е раст за околу 5% во однос на истиот период во 2011 година.
Хрватски Бизнис пишува, дека се зголемил увозот на речиси сите прехранбени производи, од земјоделска до разна готова храна, а главна причина за тоа е македонското дефицитарно произодство. Тоа е страшно за македонската економија бидејќи во земјата постои огромен потенцијал за производство на храна, но не се користи. Не помогнале ниту владините субвенции, па на терен царуваат увозниците, пишува Бизнис.хр.
Една од земјите од кои Македонија има најголем увоз на храна е Србија. Минатата година, за 10 месеци, увезени се српски прехранбени производи во вредност од 109 милиони евра, а за цела 2011 година во износ од 124,6 милиони евра. Од Србија најмногу се увезува, пченица, пченка, масло за јадење, брашно, миниерална вода, млеко, чоколади.
Слично
