Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите немаат ни за личен банкрот

Хрватите немаат ни за личен банкрот

Личен стечај, нова економска категорија во најмладата членка на Европската унија. Законот ќе биде многу ригорозен отколку што се предвидуваше.

По повеќе месеци расправи и договарања Хрватска доби нов закон за личен банкрот, а се пртпоставува дека ќе го користат повеке по 100 илјади луѓе. Дел од нив ќе живееат со спогодба, а за 30 илјади граѓани судот ќе им одреди стечаен управник кој во наредните пет години ќе им ги води личните финансии на секого кој има поголем долг од 4000 евра.

Законот влезе во редовна собраниска процедура, а ќе се применува од летото. Ќе биде многу ригорозен одколку што се очекуваше, па стечаен управник кој ќе го брани финансискиот должник ќе одредува колку пари ќе одат за испата а колку ќе му останат за дневните потреби. Ќе му ги одземе сите недвижности кои ги има должникот, како и автомобилот, па дури и мобилниот. Должникот нема да може да превземе никакви финансии без одобрение на стечајниот управник.

Проценката е дека многумина ќе завршат на просјачки стап, и дека животот ќе стане многу тежок и нема да има патувања, годишни одмори, купување поклони, прослава на родендени и куќни слави. Цело време до отплата на долгот, нагласуваат стечајните управници, должникот ќе мора да живее „на минимум“. Ако долговите се намалат или отплатат, се уклинува и мерката за надзор, ќе се одблокираат сите сметки и должниците ќе почнат да „живеат нормално“ од почеток.

Во економски проблеми е скоро секој десети граѓанин на Хрватска, а сега со доаѓање на личниот банкрот ќе им се одземе и заштедата.

Многумина изјавиле дека не би можеле во тој сличај да преживеат ни до половина од месецот, па се чека да се види како европската пракса со личен банкрот ќе се применува во Хрватска.Банките го подржаа овој закон со што сметаат дека неколку од порите ќе бидат вратени, а по пет години кога ќе истече личниот банкрот, ќе имаат нов клиент кој ќе може повторно да земе кредит.

Хрватска ќе ја примени праксата од Германија и Аустралија, но и од Словенија, меѓутоа сите нагласуваат дека во тие земји стандардот е далеку повисок и дека тој модел е тешко применет. Но законот е во процедура, а почетокот на неговата примена се ближи.

Слично

Поврзани вести