ХРВАТИТЕ НЕ САКААТ ДА РАБОТАТ: Бараат 42 000 сезонски работници
Хрватската економија се соочува со голем проблем - недостаток на сезонски работници. Оваа година на таа земја ќе и бидат потребни и до 42 000 сезонски работници.
Хрватски „Пословни дневник“ наведува дека во моментов во Хрватска недостасуваат голем број сезонски работници посебно во дејностите на трговијата и туризмот. Од почетокот на годината до крајот на февруари се упатени сите барања на работодавците за сезонци па нивниот број за оваа година би можел и да надмине 42 000 сезонци од минатата година.
Во 2015 година во туризмот и угостителството имало вкупно вработени 21.877 сезонски работници, а во оваа година секако се очекува и поголема и посилна побарувачка, што поради растот на туризмот и очекуваните подобри резултати така и поради одливот на угостителски работниц во ЕУ, па бројот на сезонски работници само во угостителството би можел да порасне и до 30 000.
