Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите не ги даваат патиштата под концесија

Хрватите не ги даваат патиштата под концесија
Во Хрватска започна собирање потписи за референдум со кој ќе се спречи автопатите во земјата да бидат дадени под концесија. Петицијата ја организираат неколку хрватски синдикати и граѓански организации собрани во иницијативата „Не ги даваме нашите автопати“. Тие сметаат дека автопатите Загреб-Сплит и Загреб-Риека се од стратешки интерес за земјата и дека нивното издавање под концесија ќе биде вовед во една долг приватизациски грабеж. Истовремено, веруваат дека постојат и други модели за да се решат големите долгови на државните патишта, настанати заради земените кредити за нивна изградба. Собирањето на потписите ќе трае две недели, а за да биде успешно иницијативата треба да ја поддржат 10% од вкупниот број избирачи. На референдумот ќе се бара измена на Законот за патишта, со која ќе се воведе нов член во кој треба да пишува дека патиштата се од стратешки интерес за Хрватска и дека е забрането да се издаваат под концесија. Владата, пак, смета дека издавањето на автопатите под концесија е клучно за намалување на јавниот долг. Во моментот долгот изнесува четири милијарди евра, а во следните три години за наплата доспеваат две милијарди евра главница.
Слично

Поврзани вести