Хрватите на нозе, се кренаа против штедењето
Илјади работници се собраа во центарот на Загреб на масовни протести против политикиката на владата и мерките за штедење. Според проценките на градските улици излегоа околу 10 илјади незадоволни работници. Една од причините за протестот е раскинувањето на колективниот договор во јавниот сектор.
- Хрватска не е Шпанија ниту Грција, хрватската потрошувачка е најмала во Европа. Во скандинавските земји сто години се уредуваше демократијата, редот на улиците, редот на преговорите. Хрватите не се склони на улични протести, чекаат некој друг да ги реши нивните проблеми, рече Вилим Рибиќ, еден од лидерите на протестот,
- Четири години сме во криза, ништо не се случува, а најавуваат деценија во стагнација. Тоа значи дека ќе имаме бедни пензии, а децата нема да можат да ни помогаат бидејќи ќе немаат работа. Младите со факултети ќе ги заборават своите знаења и тоа ќе бидат уништени генерации и демографска катастофа, изјаво Рибиќ.
Слично
