Хрватите на лекар одат во Србија и БИХ
Во помалите хрватски погранични општини каде нема лекари, туку само медицински сестри, пациентите одат во Србија или БИХ за здравствени услуги.
Таков е примерот со жителите на населените места Дреновци, Врбањ и Гуња. Тие по лекарска помош одат во соседните земји. И мештаните од Цвелфери одат на очен лекар во соседството каде за 100 куни им одредуваат диоптрија и купуваат очила по пониски цени.
„Во 2010 година кога бев бремена, бев на 4д ултразвук во Брчко. Прегледот чинеше само 120 куни, а таков исти преглед во Загреб на полош ултразвук чинеше 1200 куни“- вели задоволна мајка.
Пациентите нагласуваат дека болницата во Брчко е опремена и располага со модерна опрема. Од оваа установа велат дека имаат пациенти од соседството, а преглед чини около 40 куни.
