Хрватите месечно во просек заработуваат 750 евра
Просечната нето плата во Хрватска исплатена за април оваа година изнесувала 5 633 куни (749) евра, покажуваат прелиминарните податоци на ДЗС на Хрватска.
Априлската нето плата била номинално пониска за 1,5 одсто во однос на март, додека во споредба со истиот месец лани, номинално била повисока за 0,7 проценти.
Просечната бруо плата исплатена во Хрватска за месец април изнесувала 7688 куни (1022 евра) . Тоа е номинално за 1,8 одсто помалку во однос на просекот во март, но е за 0,9 одсто повеќе од просечната бруто плата исплатена за април минатата година.
Слично
